ЦИВИЛ и Зелена иднина во центарот на Скопје

ЦИВИЛ - Центар за слобода, утре со почеток во 11 часот, во центарот на Скопје (пред преминот Палета) на инфо-штанд пред граѓаните ќе го претстави проектот „Зелена иднина“.

Овој проект е посветен на зелените вредности, социјалната правда и антинационализам.

На инфо-штандот граѓанките и граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со целите и идеите на овој проект, со тоа како овие вредности всушност меѓусебно се поврзуваат и создаваат една целина кон која треба да се стреми нашата држава и општество.

Покрај информативниот карактер на овој инфо-штанд, граѓан(к)ите можат да ги споделат и своите размислувања и конкретни предлози на овие теми.

Проектот „Зелена иднина“, ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Хајнрих Бел – Сараево.

ЦИВИЛ тим за комуникации

 

 


Текстот на ова соопштение е дозволен за преземање во целост.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish