Повик на ЦИВИЛ до граѓанското општество за медиумска соработка

ЦИВИЛ и ЦИВИЛ Медиа, како гласни застапници на слободата на изразувањето и медиумските слободи, ги повикуваат граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, на [email protected], секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.

Со оглед дека ЦИВИЛ ги промовира, застапува и брани човековите права и слободи и се обидува да ги формулира, артикулира и да им даде видливост и гласност на барањата и очекувањата на македонските граѓанки и граѓани, без оглед на нивната етничка, верска, социјална, политичка или друга припадност, определба или ориентација, смета дека заедничките заложби и соработка на граѓанското општество и сите засегнати страни се од огромно значење.

Print Friendly, PDF & Email