ЦИВИЛ на прес конференција: Отворено за сите прашања

ЦИВИЛ организира прес конференција под наслов „Отворено, за сите прашања“ на 29 јуни (вторник), во хотел Парк Резиденс & Спа (зад градскиот фудбалски стадион), сала Њујорк, со почеток во 11 часот.

Прес конференцијата ќе се емитува во живо на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ.

Пресот е отворен и за новинарски екипи со физичко присуство. За време на преносот во живо, може да се поставуваат прашања во писмена форма, со порака на Фејсбук или на мејлот [email protected].

Како се одвива и како ќе се одвива изборниот мониторинг на ЦИВИЛ оваа година? Кои се постигнувањата и предизвиците од досегашната имплементација на проектот „Европски перспективи, следно ниво“ во дадените општествено политички прилики? Што претставува проектот „Зелено општество за сите“? На кој начин се одвива иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“?

На прес конференцијата, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, ќе одговара и на сите други прашања за кои се интересира јавноста.

По прес конференцијата, ЦИВИЛ ќе одржи и јавен настан „Невладините под лупа“, со почеток во 12 часот.

ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email