Шест дена до истекот на рокот за аплицирање за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ

Уште шест дена до истекот на рокот по повикот на ЦИВИЛ за аплицирање за мобилни изборни набљудувачи за локалните избори 2021. Повикот се затвора на 30 јуни, на полноќ.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

ЦИВИЛ ги повика своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи.

Набрзо потоа, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите. Во одговор на заинтересираните, од Организацијата нагласуваат дека сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни, односно дека секој набљудувач има обврска да покрие во просек десет избирачки места. 

Четворица од пријавените кандидат-ки ќе бидат селектирани како долгорочни мобилни набљудувачи, кои ќе му се приклучат на постојаниот тим за мониторинг на ЦИВИЛ.

Мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Краткорочните набљудувачи се активни во текот на изборниот молк, на денот на гласањето и еден ден по гласањето.

Членови на тимови на меѓународни или домашни набљудувачки мисии, партиски функционери и активисти вклучени во изборната кампања, како и кандидати на изборите, немаат право на учество на овој повик.

ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email