На повидок големи промени во изборниот систем

Во јавноста сè погласни се најавите за реформа на изборниот модел и сведување на шесте изборни единици на една. СДСМ веќе одамна ја објави подготвеноста за оваа крупна промена во изборниот систем, а сега и помалите партии од опозицискиот и од мнозинскиот блок јавно се залагаат за тоа.

Редно е да се истакне и фактот дека овие промени се резултат од долгогодишното залагање и елаборирани експертски препораки на организациите на граѓанското општество, во прв ред, Граѓанската Асоцијација „Мост“ и ЦИВИЛ, организација за човекови права и слободи.

Накратко, предлогот на помалите партии се состои во спојување на сите изборни единици во една, да остане пропорционалниот модел, да нема изборен праг, како и тоа да остане Донтовиот метод за распределба на мандати од партиските листи според пропорционална застапеност, користејќи го принципот на највисок просек.

ЦИВИЛ има дополнителни предлози и препораки, како дел од Работната група за измени во Изборниот законик, при Министерството за правда.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email