ЦИВИЛ бара од институциите да стават крај на неказнивоста за говорот на омразата

ЦИВИЛ – Центар за Слобода им изразува длабоко сочувство на семејствата и блиските на загинатите од сообраќајната несреќа на автопатот Скопје-Тетово. Ова е голема загуба за сите нас, без исклучок. Апелираме до сите надлежни институции да спроведат соодветна истрага и да сторат сѐ што е во нивна надлежност да им помогнат на семејствата на сите настрадани и повредени во несреќата.
ЦИВИЛ – Центар за Слобода најостро го осудува екстремниот говор на омраза користејќи ја трагедијата на загинатите и повредените да манифестираат невидена суровост и нечовечност. Ги повикуваме релевантните институции да преземат итни мерки и соодветно да ги казнат лицата што безмилосно и бесрамно ја користат оваа трагедија, за искажување на своите ниски, фашистички и нечовечки мисли и пораки, со што ја навредуваат човечноста на целата нација.

Сметаме дека говорот на омразата што се појави по овој трагичен настан е уште една манифестација на ужасно ниска свест и политичка култура. Тоа е последица, во прв ред, на неказнивоста што ја уживаат индивидуи и организирани екстремисти токму од институциите. Познато е дека патеката меѓу говорот на омразата и делата од омраза е кратка.

Бараме од институциите да стават крај на неказнивоста за говорот на омразата!

Print Friendly, PDF & Email