ЦИВИЛ го интензивира мониторингот во изборен контекст

ЦИВИЛ – Центар за слобода објавува дека, по официјалното распишување на претседателските избори, го засили мониторингот на општествено-политичките настани и процеси во изборен контекст. Од 13 февруари, организацијата прибира пријави (апликации) за краткорочни и долгорочни набљудувачи на изборниот процес. Воедно, ЦИВИЛ во изминатиот период работеше на зајакнување на постојната мрежа на соработнички и соработници. Од нив ќе се побара уште поинтензивен мониторинг на состојбата на човековите права и слободи во изборен контекст и пошироко.

Организацијата останува отворена за учество на сите граѓанки и граѓани со можноста да пријавуваат случаи на повреда на човековите права, како и изборни нерегуларности, поткуп на гласачи, притисоци, закани, говор на омраза и насилство. Воедно, се отвораат и нови позиции во повеќе општини низ земјата.

Посебен фокус на мониторингот на ЦИВИЛ во наредниот период ќе биде политичкото финансирање, корупцијата и екстремистичките тенденции во земјата.

Овие активности се дел од проектот „Граѓанките и граѓаните за слободно општество“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Во март и април ќе бидат одржани и неколку семинари за обука и работилници со успешните апликанти за ангажман во проектите и во мониторингот.

Print Friendly, PDF & Email