Регистрирани нерегуларности во првата предизборна недела

Четири поплаки од страна на граѓаните, во врска со предизборната претседателска и парламентарна кампања, пристигнаа на адреса на невладината организација ЦИВИЛ.

Во две две средни училишта во Скопје, учениците биле ослободени од настава, за да учествуваат на митинг во Охрид. Во едното училиште на учениците им било кажано дека во Охрид ќе пее Даниел Кајмаковски, додека во другото училиште на учениците со послаб успех им било ветено дека ќе им ги подобрат оценките.

Во едно средно училиште во Скопје, директорот ја злоупотребил својата позиција, повикувајќи на бојкот на претседателските избори. Тој свикал состанок за оваа цел. Директорот рекол дека доколку Албанците гласаат, ќе ја ослабат нивната позиција во општеството.

Еден исселеник од САД ја извести нашата екипа дека пратеник и висок претставник на една политичка партија, при неговата посета во САД, ги повикал сите исселеници Македонци да излезат да гласаат, за да не победи Албанец на парламентарните избори во Изборната единица 7.

Арбана Ќерими

Print Friendly, PDF & Email