Трета недела на кампањата: ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода и Центар, СДСМ, во Дебар, Струга и Охрид

Партиите и коалициите имаат уште пет денови за промоција на своите програми на митинзите и за средби со граѓаните.

СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ денес ќе одржат митинзи во Дебар, Струга и во Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе имат митинзи во скопските општини Кисела Вода и во Центар.

ДУИ ќе има централен собир во општина Сарај каде лидерот Али Ахмети ќе има и средби со граѓаните.

Коалицијата „Алијанса за Албанците“ ќе одржи митинг во Куманово.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе одржи средби со граѓаните во Пробиштип и Кочани, на кои ќе зборуваат лидерите Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов. Во 12 часот во штабот на ВМРО-НП во Скопје ќе одржи прес-конференција.

„Коалицијата за промени и правда“ ќе има средби со граѓаните во населби во Општина Центар, а носителите на листите од шестте изборни единици ќе одржат и прес-конференција пред Олимпискиот базен во општина Центар.

Партијата Левица ќе одржи прес-конференција пред Комората на извршителите на тема - регулација на македонското извршно право

Во просториите на движењето „Еко Герила“ во Тетово, денеска претставници на политичките партии од Изборната единица 6, ќе потпишат документ за заштита и унапредување на животната средина.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian