Дали е уставно одбивањето да се верификуваат оставките на пратениците?

Претседателот на Собранието денеска одби да ги верификува оставките на опозиционите пратеници, со образложение дека е свесен за интересите на државата и ЕУ и НАТО интеграциите. Трајко Вељановски ваквата одлука ја образложи и како шанса за политичкиот дијалог, со цел проблемите да се решаваат во институциите на системот и пратениците да се вратат во Собранието, каде што, според Вељановски, им е местото.

Професорката Мирјана Најчевска за ЦИВИЛ МЕДИА ваквата одлука ја коментира како своевиден преседан, кој е најверојатно резултат на притисоците од меѓународната заедница. Најчевска смета дека нема законска и уставна можност за ваков вид на одлагање, а потенцира дека е посебно проблематично губењето на работните места на избраните пратеници кои поднеле оставка заверена на нотар. Таа смета дека процесот на преговарање требало да се случи многу порано. Исто така, тврди Најчевска, и процесот за договарање на правила и процедури кои што ќе бидат соодветни за легитимно спроведување на изборите требаше да биде договорен многу пред одржувањето на изборите.

Во прилог е целата изјава на професорката Најчевска.

Џелал Хоџиќ

Print Friendly, PDF & Email