ШТИПСКИ РЕГИОН: ГРАЃАНИТЕ ПОД СИЛНИ ПРИТИСОЦИ

Извештај на Работната група за превенција за Штипскиот регион, на Конференцијата на Цивил ДЕМОКРАТСКИ ПЕРСПЕКТИВИ, одржана на 1 март во Скопје

Регионот Штип, за среќа, досега не е познат по насилстви и оружено насилство пред, за време и по изборите, па така меѓу граѓаните и сега постои искрена надеж дека и на овие избори ќе биде така. Но, според досегашните согледувања од мониторингот на изборниот процес, а и од искуствата од претходните избори, притисоците не се непознати и за овој дел од Македонија.

Граѓаните кои подлежат на присоци и во овој изборен циклус можат да се поделат на три поголеми групи: Првата група се вработените, или оние кои имаат некој близок вработен, во јавната администрација и во другите локални и национални институции. Најчесто, суптилно и недиректно, но понекогаш и директно им се става на знаење дека можат да останат без работа, доклоку не гласаат како што им се налага. И во досегашниот тек на изборниот процес од членовите на партиите се бара да достават списоци со одреден број на лица кои ќе гласаат за одредена партија.

Втора група, која е во голем број во Источна Македонија, кон која се насочени притисоците, се невработените. И партиите на власт и оние во опозиција ја користат нивната тешка положба и им ветуваат вработување, доколку гласаат за нив.

ShtipТретата група се маргинализираните групи (најчесто Ромите) на кои сите партии им нудат или вработување, или помош во храна и облека, социјална помош и слично, во замена за нивните гласови.

Граѓаните кои се соочиле со ваквите случаи најчесто не сакаат да зборуваат јавно, пред се поради тоа што за голем дел од нив ваквите практики се вообичаени, затоа што имаат корист од нив. Друг дел од граѓаните се свесни дека заканите можат да се остварат и затоа одбираат да зборуваат за овие притисоци кулоарски, без желба да помогнат во искоренувањето на оваа пракса.

Во услови кога опозицијата не излегува на избори можни се тензии, пред, а посебно на денот на изборите, затоа што власта ќе сака да убеди повеќе граѓани да излезат да гласаат, а опозицијата да бојкотираат.

Print Friendly, PDF & Email