Сарачини: Порадикално ќе го артикулираме гневот на граѓаните!

„Не бараме да бидеме тие коишто одлучуваат, бараме едноставно да бидеме таму за да ги известуваме граѓаните на Република Македонија како се одвиваат преговорите, да ги известуваме за донесените решенија, да го мониторираме процесот на спроведување на договореното и да предлагаме алтернативни и подобри решенија таму каде што ќе запне работата“, рече активистот Петрит Сарачини, пред резиденцијата на американскиот амбсаор Џес Бејли, во која се одвиваа преговорите на претставниците на партиите-потписнички на пржинскиот договор

„Како што гледаме политичките преговори за надминување на политичката криза во Македонија продолжуваат, но продолжуваат на начин којшто се одвиваа повеќе од една година, без учество на граѓаните на Република Македонија. Граѓаните не се информирани што се случува, дали зад овие затворени врати, дали зад затворените врати во Пржино, или зад затворените врати во Домот на пратениците. Не помина ниту една недела, минатиот понеделник, над 88 граѓански организации, формални и неформални движења, протесни движења, коишто во изминатиот период изведоа илјадници граѓани на Република Македонија на улиците, побараа да бидат присутни за време на преговорите“, рече Сарачини.

„Уште еднаш би сакал да повторам, зошто граѓаните, граѓанските организации и овие структури бараат присуство на преговорите? Не бараме да бидеме тие коишто одлучуваат, бараме едноставно да бидеме таму за да ги известуваме граѓаните на Р. Македонија како се одвиваат преговорите, да ги известуваме за донесените решенија, да го мониторираме процесот на спроведување на договореното и да предлагаме алтернативни и подобри решенија таму каде што ќе запне работата“, рече Сарачини.

„Видовме низ начинот на којшто се договараа работите во медиумската сфера, видовме едно решение коешто е апсолутно неодржливо и коешто адресира последици, а не адресира причини што доведоа до ваква состојба во медиумската сфера во Република Македонија. Вакви решенија не им требаат на граѓаните, не им требаат на медиумите, не и требаат на ниту една општествена сфера во којшто работите се расипани во време на ова автократско владеење. Затоа, ние инсистираме и понатаму граѓаните да бидат вклучени во овие преговори, бидејќи сметаме дека на ваков начин на којшто се одвиваат преговорите, тие нема да дадат поинаков резултат од оној што го дадоа досега. Процесот ќе биде киднапиран од политичките елити, а решенијата коишто ќе се донесат, ќе им слугуваат само на политичките елити, на тесните центри на моќ коишто со години, па и од независноста наваму, владеат и ја узурпираат политиката и го узурпираат суверенитетот на граѓаните“, дециден е Сарачини.

„Ќе бидеме уште порадикални отколку досега, тоа не значи дека ќе бидеме насилни, ние ќе продолжиме да го артикулираме ставот и гневот на граѓаните на најсоодветен начин и на начин којшто доликува на едно демократско општество и на еден демократски граѓански сектор. Нема да се откажеме од тоа да бидеме внатре, зад овие затворени врати, затоа што само така Македонија ќе добие оддржливи решенија, а не решенија кои некој, по неколку месеци, по некој нов изборен циклус, по некоја нова узурпација, по некоја нова автократска елита, ќе мора повторно да се менуваат... Конечно, време е Македонија да тргне напред, време е да најдеме решенија коишто ќе бидат тука оддржливи и коишто ќе ни го отворат патот до напредокот и просперитетот. Без учество на граѓаните, процесите досега покажаа дека тоа не е возможно! Затоа инсистираме на учество на граѓаните, нивните експерти, нивното знаење на преговарачката маса и на достоинствено претставување на нивните интереси“.

Камера: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email