Најческа: Оваа држава е на граѓаните, а не на политичките партии!

„Во ситуација кога граѓаните немаат свои претставници во парламентот, туку политичките партии си имаат свои политички војници и послушници, граѓаните всушност, бараат таков вид на избори, во којшто ќе си изберат свои претставници“, изјави активистката Мирјана Најческа, пред резиденцијата на американскиот амбасадор Џес Бејли, во која се одвиваа преговорите на претставниците на партиите-потписнички на пржинскиот договор

„Еден од суштинските генератори и на правната и на политичката криза беше тоа што граѓаните не учествуваа во процесите на одлучување, граѓаните излегоа на улица токму поради тоа, и почнаа да викаат токму поради тоа што никој не ги слушаше. Да, излегоа за да ја симнат оваа власт, затоа што треба да биде симната, меѓутоа, излегоа за нешто многу повеќе, да ја сопрат праксата во којашто ниту една власт не води сметка за мислењето, за гласот, за потребите и за интересите на граѓаните...ак оваа држава е држава на граѓаните на Македонија, а не држава на политичките партии“, рече Најческа.

„Во ситуација кога граѓаните немаат свои претставници во парламентот, туку политичките партии си имаат свои политички војници и послушници, граѓаните всушност, бараат таков вид на избори во којшто ќе си изберат свои претставници. Автоматски, невозможно е, нелогично е, апсурдно е, тие исти политички партии коишто носат политички послушници во парламентот, сега да преговараат за некакви промени, избори, регуларност, за некакви реформи..., без граѓаните.

NAJCE

Она што го бараме е да учествуваме во процесот на донесување на преговарачки резултат и да не заборават политичките партии дека во секој момент мора да бидеме дел од процесот на одлучување. Доколку за нешто се договорат, а нам не ни се допаѓа, ние пак ќе излеземе и ќе викаме. Доколку дојде нова власт, а почне уште од првиот момент да работи против нашите интереси и потреби, граѓаните повторно ќе излезат на улица, меѓутоа многу посилно, многу порадикално и многу помоќно, затоа што веќе ги научивме лекциите како можеме да бидеме излажани, како можеме да бидеме пренесени жедни преку вода. И, научивме дека политичките партии многу лесно можат да ги искористат граѓаните, не сфаќајќи дека сепак, ова е држава на граѓаните на Македонија, а не држава на политичките партии“.

Камера: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email