И албанските опозициски партии на протестот на Шарената револуција!

ЦИВИЛ Медиа разговараше со претставниците на албанските политички партии за тоа кој е нивниот став за протестите на Шарената револуција. Освен Демократската унија за интеграција, поголемиот дел од албанските партии учествуваа и ќе учествуваат на граѓанските протести.

13043800_948242815294188_3981732689643302662_n

Фатон Алити, претседател на Партија за демократски просперитет (ПДП), вели дека и досега ги подржувале граѓанските протести и дека во иднина ќе ги подржат.

„Откако започнаа протестите на Шарената револуција, ние како партија ги подржуваме, и често наши членови се дел од демонстрантите. Вечер ќе ги подржиме протестите затоа што се совпаѓаат со нашите ставови“, истакна Алити.

И членовите на Движењето „Беса“ вечерва ќе бидат дел од Шарената револуција. Африм Гаши од „Беса“ вели дека откако започнаа протестите пред два месеца, протестираат и нивни поддржувачи.

„Денеска имаме состанок во партијата и ќе се договориме како и на кој начин ќе протестираме, но, ние ќе излеземе вечерва на протестите на Шарената револуција“, изјави Беса за ЦИВИЛ Медиа.

Зулфи Адили, потпретседател на „Унитети“ вели дека ја подржуваат Шарената револуција и дека и денеска нивните членови ќе ги поддржат протестите.

Од Демократската партија на Албанците (ДПА), не ни одговорија на прашањето за нивниот став за протестите.

Агон Ферати од Движењето за реформи на демократската партија на Албанците (ДР ДПА), немаше став околу протестите на Шарената револуција.

Единствено Весел Мемеди, претседателот на Национална демократска преродба (НДП), за ЦИВИЛ Медиа изјави дека членовите на партијата не ги поддржуваат протестите на Шарената револуција. „Не сме ги подржувале досега а ниту вечерва нема да ги поддржиме протестите на Шарената револуција“, вели Мемеди.

Дехран Муратов

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian