ИНИЦИЈАТИВА НА ЦИВИЛ ЗА НАЦИОНАЛНИ ПРАЗНИЦИ НА МИРОТ И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Цивил денеска во Сoбрaнието на РМ поднесе иницијатива за прогласување на 21 септември – Меѓународниот ден на мирот и 10 декември – Меѓунарoдниот ден на човековите права за национални празници во Република Македонија

По повод глобалната недела за акција против оруженото насилство и Меѓународниот ден на мирот, Цивил- Центар за слобода  денеска поднесе иницијатива за прогласување на Меѓународниот ден на мирот (21 септември) и  Меѓународниот ден на човековите права (10 декември) за национални празници во Република Македонија.

Slika Xhabir Inicijativa 19092013Во дописот доставен до Претседателот на Собрание на РМ, Пратеничките групи/коалиции во Собрание на РМ и Собраниската комисија за култура, се вели дека на Меѓународниот ден на мирот (21 септември) граѓан(к)ите на Република Македонија ќе добијат можност и преку институционални форми да им се придружат на мирољубивите луѓе во светот во заедничката потрага по мир во земјата, регионот и светот. Меѓународниот ден на човековите права (10 декември) претставува можност за формулирање и давање јавност на барањата за почитување на човековите права и слободи.

На тие денови, се вели во иницијативата на Цивил, Владата, политичките партии, пратениците, локалните самоуправи и други носители на одлуки имаат обврска да излезат во јавноста со недвосмислена порака за мир меѓу луѓето и со пораки во знак на поддршка на човековите права и слободи. Релевантните институции, оние во кои се носат одлуки, ќе треба да излезат и со извештаи за нивниот придонес и чекорите кои тие ги преземале во поддршка и развој на мирот и за почитувањето на човековите права и слободи.

Во рамки на Глобалната недела за акција против оруженото насилство, која трае од 16 до 21 овој месец, покрај споменатата иницијатива до Собранието на РМ, Цивил реализира и други активности со цел јакнење на јавната свест за опасностите од огненото оружје.

Slika Mario Predavanje vo N.Karev 19092013Денеска, во скопската гимназија „Никола Карев“ со поддршка од стручни лица од релевантни институции, Цивил на учениците им одржа предавање за ризиците од оруженото насилство, а истото ќе го направи и утре во Градежниот училиштен центар „Здравко Цветковски“.

Глобална недела за акција против оруженото насилство е иницијатива на Меѓународната акциона мрежа за малото оружје (International Action Network on Small Arms, IANSA), чија членка е Цивил. а се одбележува во многу земји во светот.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian