Повторени нерегуларностите при гласањето на затворениците

Исто како и во првиот круг од претседателските избори, притвореникот З.Т. кој е осуден за случај кој е познат во јавноста, а казната ја издржува во прилепскиот затвор, повторно го нема на избирачкиот список и не може да го оствари своето право на глас. Според нашите информации, тој е во притвор веќе 2 години, од кои 8 месеци во прилепскиот затвор, а сепак, во избирачкиот список тој се води на домашната адреса.

„И поκρај тоа што си земаа обвρсκа надлежните да ја испρават гρешκата, тоа повторно не беше направено. Се вадеа деκа од нивна стρана се е стоρено . Лани гласав во истражниот затвор, а оваа година, споρед сопρугата, ме имало на избирачкиот списоκ во местото κаде што живеам“, вели З.Т.

Цивил констатира и недоследности при гласањето во штипскиот затвор, каде што, според нашите информации, на затворениците им е сугерирано за која политичка партија и за кој кандидат да гласаат. Според нашите информации, затворениците биле поткупувани да гласаат за одредена политичка партија, а како награда добивале сапун, две обланди и по два брича.

За првиот круг од претседателските избори, медиумите веќе информираа дека затворениците биле поткупувани со 100 грама кафе, сок и наполитанка.

Мери Јордановска

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish