Забележан поткуп на гласачи во Кичево

Во Кичево забележан е поткуп на гласачи од страна на двајца припадници на една политичка партија, известува набљудувачот на Цивил.

Во 1.30 утринава, двајцата активисти дошле со теренско возило и ѕвонеле на вратите на неколку семејства, кои во градот се познати како симпатизери на нивната партија и им нуделе по 2.000 денари за да гласаат. Семејствата биле членови на истата партијата со активистите, но, сепак , како гаранција им бил даван и паричен надоместок, информира набљудувачот на Цивил.

Семејствата на кои им бил даден поткупот, според нашите сознанија, ги примиле парите.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish