Петар Арсовски: Македонија е во зона на самракот

Актерот Петар Арсовски беше гостин на еден од јавните настани во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Го искористивме неговото присуство, да поразговараме за актуелната ситуација во земјата и за оставнината на актуелните за следните генерации.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=AOnMKxQepX8[/youtube]

Каде се движи Македонија во моментов?

А кој би можел да одговори на тоа прашање? Едно време, имаше една многу популарна серија Зона на самракот. Така и ние, секој ден имаме по некое такво изненадување од владеачката гарнитура. Секој ден ни приредуваат некакви непријатни изненадувања, така што, сега на прашањето каде се движи Македонија - е многу тешко да се одговори. Но, не е добро, не се движиме во добра насока. Ние очекувавме дека ова е болест која ќе ја преболиме бргу, како сипаници. Меѓутоа, изгледа се работи за метастаза, дека сé што и се случува на Македонија е толку длабоко метастазирано во сите пори во нашето општество, што ќе трае долго. Колку ќе бидеме болни - не знам, не знам и дали ќе оздравиме и кога ќе оздравиме. Тешко е да одговорам на тоа прашање. Јас не сакам да лажам.

Што им оставаат постарите на младите во Македонија, односно, на оној дел млади кои засега останаа тука?

Па, тоа е уште едно тешко прашање. Што им оставаме на младите, кога знаеме дека се евидентирани 500-600 илјади млади заминати од Македонија, а јас не сум сретнал млад човек кој што не се подготвува да замине од овде. И затоа е многу тешко да одговориш на тоа прашање. Младите кои ќе останат овде - тешко нив. Ќе наследат долгови, ќе наследат тешко општество, ќе наследат сиромаштија, така што е разбирливо што секој од нив сонува да замине од овде, да го проживее тој живот кој што му е дарба, подарен му е, и треба да го проживее најдобро што може. Тие десет години кога ги поставува темелите на својот живот, се од 20 - 25 до 35 години, тогаш луѓето заминуваат од овде, бидејќи гледаат дека немаат иднина. Ниту се мажат, ниту се женат, ниту се раѓаат деца... Навистина е страшно. Немам совет за младите, многу ми е жал, но и овој пат, не сакам да лажам

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian