Прес конференција на ЦИВИЛ: Избори 2016 - До каде сме?

ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе одржи прес конференција в четврток, 10 ноември 2016, Парк на новинарите, спроти Државна изборна комисија, со почеток во 10 часот. На средбата со новинарките и новинарите, ЦИВИЛ ќе ги сподели најновите наоди и анализи кои произлегуваат од интензивираното набљудување на изборниот процес во Република Македонија.

Секојдневно, мониторинг тимовите на ЦИВИЛ и граѓанските набљудувачи јавуваат за низа нерегуларности во овој процес. Почнувајќи од Избирачкиот список, завршувајќи со делувањето на партиите на теренот и низ институциите на системот, предизборниот период во земјата е исполнет со низа сериозни недостатоци, проблеми и нерегуларности.

Фантомските гласачи се селат од една до друга адреса, десетици гласачи на адреси на кои нема живеалиште, притисоци врз администрацијата, политичка корупција, дискриминација, нетранспарентно работење на партиите и институциите и низа други предизвици го придружуваат македонското предизборие. Тимот на ЦИВИЛ ќе ја извести јавноста за досегашните наоди и анализи, како и за активностите и плановите за набљудување на изборите.

За повеќе информации, обратете се на 02/5209176 или [email protected].

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian