Уапсен Павле Богоевски и активисти на Шарената револуција!

Уапсен е Павле Богоевски и неколку други активисти на Шарената револуција, вечерва во центарот на Скопје. Активистите се уапсени при обид на пуштат транспарент од Kејот на Вардар.

Тој и неколку други активисти, во мирна герила-акција се обиделе да спуштат платно од Камениот мост, во време кога од спротивната страна ВМРО-ДПМНЕ го славеле својот 26-ти роденден, а лидерот Никола Груевски држел говор.

Полицијата ги спречила активистите да го постават транспарентот. Активистите на #Протестирам повикаа на протести пред полициската станица „Пролет“ каде беа приведени активистит, на што се одзваа неколку стотици граѓанки и граѓани. Активистите беа ослободени околу 22 часот.

Print Friendly, PDF & Email