Протестен марш на средношколците

Илјадници средношколци се собраа пред Собранието  да го искажат својот револт против концептот на полагање на државна матура и против реформите кои ги прави Владата во образованието. Со скандирање: „Нема правда нема мир!“, „Доста беше молк!“, „Стоп за лошите реформи!“, со транспаренти, со свирчиња и сирени, средношколците се движеа од Собранието кон Владата и кон Министерството за образование и наука. Дел од учесниците на протестот беа маскирани по повод 1 Април.

Освен укинување на математиката како задолжителен предмет на матурата, средношколците бараат укинување на екстерното тестирање, враќање на стариот концепт за полагање државна матура, и отфрлување на електронското тестирање...

ЦИВИЛ - Центар за слобода целосно го поддржува Средношколскиот пленум во нивните барање за сопирање на експериментите и за подобри реформи во образованието.

Фотографиите од протестот можете да ги најдете на фејсбук страницата на Цивил.

Print Friendly, PDF & Email