Непостоечки станови и влезови во избирачкиот список во Кисела Вода

Екипа на Цивил констатира дека во општината Кисела вода во избирачкиот список има лица заведени на адреси кои не постојат. Според избирачкиот список, на улица „Петар Дељан“ бр 1 живеат гласачи во првиот влес, стан 22, како и во вториот влез, стан 25.

Telma-teren (1)Нашиот тим излезе на терен и констатира дека во двата влеза има само по 17 стана. Во двата влеза последните станови се со број 17. Од денешното истражување откривме дека 8 лица не живеат на овие адреси, иако се наоѓаат во списокот. Жител од едниот од влезовите на оваа зграда ни потврди дека таа има само 17 стана. Исто така, го прашавме за некои имиња кои се наоѓаат во избирачкиот список – тој немаше слушнато за нив.

Цивил исто така доби информација и за непостоечки влезови според избирачкиот список, на истата улица, на број 11. Споерд нашата информација, во избирачкиот список стои дека споменатата зграда има 9 влеза. Нашата екипа ја посети зградата и виде дека истата има само два влеза. Влезовите со броевите од 3, 5, 6 и 9, како што се заведени во избирачкиот список, воопшто не постојат.

По добиените сознанија, Цивил денеска се обрати со писмо до Државната иаборна комисија, во кое бара одговор на прашањето да ли во избирачкиот список има евидентирани гласачи – жители на наведените непостоечки адреси.

Арбана Ќерими

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian