Ана Франк во Скопје

Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ ќе се отвори во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, денеска во 19 часот.

Целта на оваа изложба е да се оддаде почит на сите жртви на Холокаустот, вклучително и на 7.144 Евреи од Македонија кои во 1943 година беа депортирани и убиени во логорот „Треблинка“.

Изложбата е дел од проектот „Historija, Istorija, Povjest - Lessons for Today“, организирана од Младински образовен форум и куќата на Ана Франк од Амстердам, во соработка со Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, а поддржана од Европската Унија и Холандската амбасада во Македонија.

Проектот „Historija, Istorija, Povijest – лекции од сегашноста“ има за цел да поттикне дискусија за настаните од минатото на Западен Балкан, кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти. Преку промовирање на критичко размислување за настани од историјата и нивното значење во современото време и случувања, целта на Anna Frank House (АФХ) и партнерите е да се постигне помирување преку дијалог за заедничкото минато.

Куќата на Ана Франк во Амстердам прима околу еден милион посетители секоја година.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian