Граѓански активисти од Прилеп ја обвинуваат власта за притисоци

Прилепската полиција денеска го казни граѓанскиот активист на Шарената револуција, адвокатот Жаре Стеваноски со парична казна во висина од 1.500, а пред две недели, во висина од 900 евра во денарска противвредност.

Стеваноски е еден од најактивните учесници во Шарената револуција во Прилеп. Воедно, тој е и адвокатот кој подолго време поднесува кривични пријави против градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и други локални функционери. Сега, во рок од 8 дена од приемот на платните налози, треба да ја плати глобата за сообраќаен прекршок, според член 191 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштатата. Стеваноски е убеден дека власта на овој начин се пресметува со него поради неговиот протест.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=727zjFIddpQ[/youtube]

Додека Стеваноски беше во полициската станица, демонстрантите на Шарената револуција протестираа во непосредна близина. Полицискиот кордон поставен на улицата пред полицијата, не им дозволи на демонстрантите да дојдат до полициската станица.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=faIrF9EO33o[/youtube]

И оваа мерка и изречените високи глоби на Стеваноски, за демонстрантите се експлицитни форми на притисок на власта преку полицијата.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=LzG-2byAZXk[/youtube]

Протестот на Шарената револуција продолжува во петок пред камената бина во 19 часот.

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email