Пропаганда на власта: Во Македонија нема коинциденција!

Веднаш по објавувањето на интервјуто со Сандра Ѓоргиева, режисерката на филмот "Зелени ѕидови, црна храна", во кој е опишана катастрофалната состојба во студентскиот дом "Гоце Делчев" во Скопје,  интернет порталите кои се под строга владина контрола, со идентични наслови, објавија редица текстови за тоа како во „Блокот Б“ во студентскиот "Гоце Делчев", "мириса на ново", како и дека останатите блокови ќе се реновираат до почетокот на следната учебна година.

фгх

Извор: Скопјеинфо

На објавените фотографии е соба од веќе реновираниот „Блокот Б“, но никаде ги нема подовите кои непосредно по површниот зафат, повторно се мувлосани. А како што изјави режисерката Ѓоргиева, „веќе почна да се појавува мувла на подот во собите. Топла вода нема и по две недели, а исто така, изборот и квалитетот на храната во студентските мензи не е променет". Во пофалните текстови за луксузот во кој веќе живеат студентите од „Блок Б“, не се споменува недостатокот на топла вода, ни квалитетот на храната. Очигледно, тоа не можеле да го обезбедат ни при фотографирањето за репортажата за убавините во студентскиот дом.

фг

Останатите блокови, според овие најави, наводно ќе биле реновиирани, и ќе се пуштеле во употреба оваа есен, кога студентите ќе добиеле "европско сместување". Откако, нели, „македонското сместување“ цел свет имаше можност да види како изгледа, по објаувањето на фотографиите за реалноста во која преживуваат студентите во „Гоце Делчев“.

Untitled

Дали ова информација ќе ги израдува студентите - не знаеме, со оглед на тоа дека реновирањето на домот се најавува од 2о13-та година. А можеби тие најдобро знаат дека убавите соби, кои се користат за фотографирање, ќе ги добијат партиските војници меѓу студентите, кои живеат во домовите и неколку години по завршеното студирање, кои се и главни „менаџери“, задолжени за забавниот живот и продавање на билети за влез во диското...

Во меѓувреме, се организираше уште еден скандалозен избор на претседател на Студентскиот парламент на УКИМ. Студентскиот пленум повикува на бојкот на изборите, кои како што велат "се крајно нелегални и нелегитимни и се распишани од студенти на кои веќе две години им е истечен мандатот и со тоа го изгубиле правото да распишуваат избори!".

Според досегашното искуство, лесно е да се претпостави дека преку ваквите избори, на чело на студентите повторно ќе се постави некој, кој и во следниот мандат нема да работи за нивните основни права и нема да се бори за подбрување на условите во кои тие живеат. Власта ќе објавува пропагадни фотографии во „своите“ медиуми, а студентите без партиска книшка... Тие, ќе живеат, како и досега, меѓу мувлосаните ѕидови и ќе јадат црна храна.

Марија Теговска 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian