Притисоци и закани врз новинари од Пелагонија

За новинарство засновано на основните принципи на објективно, професионално, вистинито и балансирано информирање во Пелагонискиот регион, не може да се говори!

Ова се констатации на новинари и дописници на медиуми, членови на Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ, со критички осврт кон работата на локалната и централната власт од регионот. Тие потенцираат дека се жртви на закани и притисоци, пред сé, преку социјалните мрежи, од реални или лажни профили. Тврдат дека се соочуваат со целосна блокада на процесот на објективно информирање, со крајна нетранспарентност на работата на државните институции, установи, речиси сите јавни претпријатија, неретко груб однос на службите за обезбедување, селективност на медиумите за следење на настаните...

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=K5cDtxoY3E0[/youtube]

Сите новинари без оглед на тоа, за кои медиуми информираат се жалат на  егзистенцијални проблеми. Тие се најчести проблеми на членството на ЗНМ од регионот на Прилеп и Битола. Журналистите го изразуваат перманентно своето незадоволство поради ниските плати, хонорари, нивна нередовна исплата, што пак , уште повеќе го загрозува статусот на новинарот.

За овие состојби во новинарството се запознаени во ЗНМ. Оттаму велат дека работат на два фронта, за да го вратат процесот на објективно информирање на јавноста преку радикални реформи во медиумите, но и на заштита на членството.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=E5-xQzla7Ec[/youtube]

Во ЗНМ се оптимисти дека со целосна реализација на Пржинскиот договор, во Македонија ќе се врати објективното информирање на јавноста,што е уставно право на сите граѓани.

 

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian