Мустафовски: Не може тие што ја создадоа кризата да ја решаваат

Акија Мустафовски од ПЕИ зборуваше за случајот Космос, за корупцијата, а се согласи и со ставовите на останатите партии дека аболицијата мора да се повлече, да се спроведат реформите, и  потоа да се одреди датум за избори.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=1Qx-41xXExg[/youtube]

“Оваа корумпирана власт знаеме како настапуваше, од рушењето на Космос и притисоците кон нашиот претседател. Треба да се повлече аболицијата, да се создаде експертска влада, да не се одредува датум се додека не се создадат услови за избори. Се прашувам како може тие што ја создадоа кризата, сега да преговараат?”, праша Мустафовски.

Настанот се одржа во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email