Шарената револуција повторно денеска на протест

Шарената револуција, денеска повторно протестира! Како што е најавено на официјалната страна на Шарената револуција, денешниот протест е нов крик и потсетување на ултимативните барања за кои претходно, 18-ти јуни беше поставен како датум за нивно исполнување. "Поминаа три дена откако Иванов целосно ја повлече аболицијата и откако прецизно ги испорачавме нашите црвени линии и рокови. Власта молчи, Уставниот суд молчи, институциите на прогонот молчат. Време е за нов крик, време е да ги потсетиме дека до 18-ти јуни, Уставниот суд мора да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, за да сме сигурни дека правдата ќе биде заштитена", се вели во соопштението на Шарената револуција, објавено вчера.

Untitled

Синоќа, поддржувачите на Шарената револуција направија герила акција на крстосницата во близина на Специјалното Обвинителство. Таму со боја испишаа деветка, и потсетија  дека институциите имаат уште девет дена да им ги исполнат барањата.

И покрај тоа што првото барање на Шарената револуција, се однесува на Уставниот суд, кој треба да ја оцени уставноста на СЈО , на првата следна седница на Судот, закажана за 15-ти јуни, според веќе утврдениот дневен ред за седница на Уставниот суд,  ја нема точката за оцена на уставноста на СЈО.

 

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian