Правилниците на ДИК се можност за враќање на довербата во изборните процеси!

Имајќи ги предвид главните цели кои треба да се постигнат со проверка на податоците за граѓаните, статистички анализи и вкрстени проверки на податоците во Избирачкиот список, цели кои се јасно дефинирани и утврдени со усвоениот Правилник за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список (заснована на проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени теренски проверки и други соодветни признати методи на проверка), од несомнено значење за изборниот процес кој следи (предвремените парламантерни избори 2016) е правилната и целосна примена на усвоените правилници - Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список и Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список (како и постапка за спроведување теренска проверка заради ажурирање на истиот).

Пишува: Сандра Гавриловска

Пишува: Сандра Гавриловска

Усвоената Методологија за технички вкрстени проверки и статистички анализи на различни бази на податоци и евиденции за проверка на Избирачкиот список, како и предвиденото/планирано (со правилниците) ажурирање, односно, запишување, дополнување и бришење на податоците на граѓаните содржани во Избирачкиот список, подразбира апсолутно совесно и одговорно работење на инволвираните државни органи во изборниот процес (Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, и тоа Управата за водење на матични книги и Управата за извршување на санкции при Министерството, основните судови и Министерството за труд и социјална политика).

Во тој контекст, од работењето на надлежните државни органи и претпоставеното почитување и исполнување на нивните законски обврски (во смисла на транспарентност, кооперативност, достапност на информации и кадар, комплетност и ажурирање на податоци и слично) зависи степенот на ризик од правилна и целосна имплементација на правните акти-закони и правилници кои се однесуваат на изборниот процес. Меѓу другото, и пред сé, заради отсуство на прекршочни, односно казнени одредби за одговорност на сите надлежни државни органи (и нивните овластени лица) кои нема да ги исполнат своите законски обврски и/или ќе постапат спротивно на предвидените законски одредби од Изборниот законик и усвоените правилници.

Но, секако, правилната и целосна имплементација на Изборниот законик и на усвоените правилници  за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список, како за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, претставува можност за враќање на изгубената доверба на македонските граѓани во изборните процеси.

(Авторката е адвокатка, членка на експертскиот тим на ЦИВИЛ – Центар за слобода)
Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish