Платформа за истражувачко новинарство

Како дел од проектот „Медиа платформа на застапување“, Граѓанската асоцијација Мост и интернет порталот Нова, денеска ја презентираа платформата GetData, алатка која треба да ја олесни работата при пребарување на јавни информации што можат да бидат корисни за истражувачите.

Алатката е предвидено да ја користат студенти по новинарство, новинари и невладини организации кои работат конкретно на истражувања во областа на корупцијата и владеењето на правото.

_DSC0039

Како што соопштија од Мост, на овој начин треба да се поврзат новинарите и граѓанските организации кои работат во области од јавен интерес, со цел да се поттикне синергијата во делувањето на медиумите и граѓанскиот сектор во борба против корупцијата и заложбите за реформи во делот на владеење на правото.

_DSC0022

Авторката на платформата, новинарката Сашка Цветковска истакна дека огромните бази на јавни податоци кои ги создаваат институциите, како клучни алатки за работата на истражувачките новинари, на овој начин ќе бидат подостапни. Таа го посочи проблемот со високите цени за пристап до податоците од Централниот регистар, каде се наплаќа по тарифа која е највисока во Европа, што сведочи за нивото на транспарентност на оваа институција.

_DSC0033

Платформата GetData, покрај податоци од институции од Македонија, овозможува и пристап до јавни дати бази во 192 држави во светот.

Во рамки на проектот „Медиа платформа на застапување“, во наредниот период ќе се организираат и регионални обуки за застапување и истражувачко новинарство.

Print Friendly, PDF & Email