„Прогрес“: Гласно за социјална правда

Пратеникот од Социјалдемократската партија на Германија - SPD во Европскиот парламент од групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи и известител во сенка за Македонија, Кнут Флекенштајн, деновиве, заедно со Тања Фајон, пратеничка од Социјалните демократи од Словенија во Европскиот парламент и заменик-координаторка на групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи, се во посета на Македонија.По тој повод, Прогрес - Институт за социјална демократија организира јавен настан „Гласно за социјална правда“ што ќе се одржи на 4-ти ноември (петок), од 12 до 14 часот во „Кино Култура“ во Скопје.

На настанот релевантни говорници од земјата и странство, ќе  дискутираат на теми како социјално претприемништво, работнички права и пристојна работа, образование и практични вештини за пазарот на труд, волонтерство и младинска гаранција.

Идејата за организирање на ваков настан е на едно место да ги собере различните чинители во македонското општество, граѓански активисти и политички лидери, со цел да е продлабочи дијалогот меѓу нив.

Говорници на настанот се: Климентина Илијевска од „Паблик“, Златко Талески од МКЦ Битола, Горан Трајков од „Гласно“, Теодора Столевска, претставник на МОФ и Стефан Богоев од СДММ.

Пратениците Кнут Флекенштајн и Тања Фајон,  заедно со активистката од Шведска, Евин Инцир, се специјални гости на настанот.

Настанот ќе го модерира Сашо Додовски, претседател на Прогрес - Институтот за социјална демократија.

М.Т.

Print Friendly, PDF & Email