Ослободување на информацијата!

Завршниот семинар „Биди граѓански новинар“ ќе се одржи во Велес, на 19 и 20 декември во хотелот „Гарденија“. На семинарот можат да се пријават сите полнолетни граѓанки и граѓани на Република Македонија кои до сега немале можност да учествуваат на регионалните семинари.

На семинарот можете да се пријавите до 17 декември (четврток) онлајн  или на [email protected].

Врвни професионалци, со големо искуство и меѓународно реноме, ги споделуваат своите искуства и знаења на нашите семинари. Дискусиите се живи и изобилуваат со нови информации за тоа што се случува во земјата. На семинарот има и термин за практични вежби кога учесниците излегуваат на терен и прават видео и фото стории кои се вредни трудови, подготвени за објавување на нашите онлајн канали уште во јануари кога ќе започне циклусот натпревари.

Со завршниот семинар во Велес, се заокружува формирање на една голема „редакција“ од граѓански новинарки и новинари, со над 130 членови кои ќе придонесат кон ослободување на информациите од партиски притисоци во нашето општество. Најуспешните трудови ќе бидат наградени со вредносни ваучери за набавка на фото/видео и компјутерска опрема. Највисоката награда на месечно ниво е 110 долари! Отворена е и можноста другите објавени материјали да бидат хонорирани.

Секој учесник кој ќе ја заврши обуката ќе добие и сертификат за учество на семинарите „Биди граѓански новинар“ со што се стекнуваат со можност да соработуваат со ЦИВИЛ на повеќе проекти поврзани со мониторинг на изборните процеси и на човековите права и слободи во нашата земја.

Во проектот „Граѓански објектив“ можат да учествуваат сите полнолетни граѓанки и граѓани на Република Македонија, со фотографии, видео и аудио снимки и текстови за сите видови закани, уцени, корупција во изборен контекст и кршење на гласачкото право.

Секој што има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, може да биде граѓански новинар и повикан е да се вклучи во нашиот проект.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

Print Friendly, PDF & Email