Штипскиот концерт на Караванот на слободата објавен на Јутјуб

Караванот на слободата со голем концерт се претстави во Штип на 23-ти септември. Пред штипјани со звуците на слободата, покрај поетските перформанси и уметничката работилница, се претставија Бла, Бла, Бла..., Стринг Форсис и Тони Зен.

14368832_1826436294238384_7815187339432195623_n

Нивните целосни настапи се достапни на  YouTube каналот на ЦИВИЛ – Центар за слобода. На овој начин, сите љубители на добрата музика и сите борци за слобода, ќе имаат можност да ја проследат атмосферата во која имаше можност да ужива штипската публика.

14390814_1826438010904879_2539066444104519178_n

 

ЦИВИЛ - Центар за слобода континуирано ги објавува видео-записите од сите концерти, поетски перформанси, работилници и дебати на Караванот на слободата, кој започна во август да ја крстосува Македонија, промовирајќи ги човековите права и слободи и активното учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки.

Следниот спектакуларен концерт, Караванот на слободата ќе го одржи во Скопје на 1-ви октомври, кога ќе настапат Бени и Нон стоп, Мугер Фугер, Лили и Амон Мра, Шутка рома рап, Тон Зен и Кристина Арнаудова.

Print Friendly, PDF & Email