Прилеп, вчера: Најмасовен протест досега

Со аудио снимки од аферата „Прислушување“, преку избрани музички композиции и перформанси, прилечани вчера испратија јасни пораки до владејачката ВМРО ДПМНЕ, дека времето на нејзиното владеење се одбројува. На овој најмасовен граѓански протест досега, којшто траеше два часа, граѓаните не го криеја незадоволството до работата на централната и локалната власт.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=NbUEPZS6pWU[/youtube]

Активистот Филип Поповски и вчера ги истакна клучните барања на граѓанското здружение „Протестирам“ - за повлекување на одлуката на аболиција, на одлуката за избори на 5-ти јуни, за вклучување во преговорите на граѓанскиот сектор...

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=qUjkjvZoV5g[/youtube]

Демонстрантите од плоштадот „Александрија“ маршираа до Основниот суд, а потоа до споменикот Карпалак, за да се упатат до Градската куќа. Таму, граѓанскиот активист, адвокатот Жаре Стеваноски, му порача од името на своите сограѓани на Специјалното Јавно обвинителство, да ги преземе сите предмети од ОЈО, кои се однесуваат на работата на локалната власт. А, демонстрантите во знак на незадоволство повторно фрлаа јајца врз прозорците на новата општинска зграда.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=GqPt7VdDmq8[/youtube]

Демонстрациите против владеењето на ВМРО ДПМНЕ продолжуваат во понеделник од 19 часот, пред Камената бина во центарот на Прилеп.

Print Friendly, PDF & Email