Јосип Јуратовиќ: Сите имаат право на протест, но по сопствен избор

Јосип Јуратовиќ, пратеник во германскиот Парламент, по повод посетата во Скопје, учествуваше во отворена дискусија со граѓанското општество, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, на која се зборуваше за моменталната политичка криза во Македонија, учеството во преговорите за излез од истата, улогата на граѓанскиот сектор во градењето на демократските процеси во државата, како и за влијанието на развојот на настаните во Македонија за стабилноста во регионот.

За ЦИВИЛ Медиа, Јуратовиќ ја дава својата препорака за вечерашните протести на Шарената револуција:

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=gpnV3s5RJfI[/youtube]

„Мислам дека и за едната и за другата страна, пред сé, е важно дека сите имаат право на протест. Ако тој се одвива во услови во кои се почитува законот и демократските правила кои ја овозможуваат слободата на протестирање. Зад секој протест стои организатор и прашање  на одговорност е организацијата, секогаш мора да се внимава да не дојде до ескалации, да не се влегува премногу емоционално. Сето тоа зависи од организаторите, но сите страни имаат право на протест. Зошто да не? Битно е само тој протест да биде за доброто на Македонија и на граѓаните на Македонија, а да не се одвиваат едни против други. Сепак, се работи за иднината на Македонија, која може да биде само заедничка, не може да биде иднина, ако се едни против други. Секој има право на демонстрации, тоа е демократско право, но се надевам дека овие протести се изразување на сопствени мислења за доброто на Македонија, а не - едни против други.“

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian