Оставки за посветла иднина

ЦИВИЛ Медиа разговараше со сликарката Јана Јакимовска за слободата на уметниците и за нивната инспирација од актуелната политичка ситуација. Според неа, учеството на уметничката работилница „Боите на слободата“, пред сѐ, како граѓанка, но и како уметница, е од непроценливо значење. Јакимовска смета дека нејзиното уметничко дело „Крик“ кажува сè за политичката состојба во Македонија.

„Доколку се случат оние оставки кои ги посакуваме, мислам дека сите ќе имаме посветла иднина, а не само уметниците“, изјави Јакимовска.

Уметничката работилница „Боите на слободата“ се одржа во „Кампот на слободата“ пред Владата. Уметниците сликаа на тема „Слобода“.

Print Friendly, PDF & Email