Граѓански пленум и контра-протести во Битола

Наместо протест пред општинската зграда, како што беше случај во изминатите пет дена, денеска во Битола, незадоволните битолчани формираа Граѓански пленум. На пленумското собрание на кое имаше окулу 250 присутни, збор зедоа десеттина граѓанки и граѓани.

13063473_10154079690778618_2096643241078477769_oКако што информираа долгорочните набљудувачи и мобилните тимови на ЦИВИЛ - Центар за слобода од овој град, Пленумот се оформи како место за разменување на идеи и предлози како да се делува понатаму. Предлогот да се блокираат крстосници, веднаш се реализираше и се блокира крстосницата пред урнатата фонтана. Беше блокирана главаната сообраќајница, а на блокадата се приклучуваа и граѓанките и граѓаните кои во тој момент поминуваа на таа локација. Пленумот, по претходна одлука, продолжи пред домот на градоначалникот ВладимирТалески, каде преку мирен протест го изрази својот револт. Протестот пред зградата каде живее Талески, беше под силно полициско обезбедување.

Истиот принцип на делување е најавен за утре во 19 часот, пред Офицерскиот дом, каде ќе се пристапи кон повторно давање на предлози и гласање по истите.

Untitled.pngкхои

Вечерва во Битола, во организација на ГДОМ, се одржа и контра-протест. Контрапротестантите се собраа на плоштадот „Магнолија“ и се упатија кон штабот на СДСМ во Битола.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian