ОРДАНОСКИ: Македонија има потенцијал за инциденти, но не и за судири!

Во овој дел од својата видео анализа, д-р Сашо Орданоски, политички аналитичар и универзитетски професор, како дел од експертскиот тим на ЦИВИЛ, го анализира граѓанското општество од поширок општествено-политичка аспект. Воедно, тој ги анализира потензијалите и ризиците за нарушување на стабилноста и безбедноста на Република Македонија...

Граѓанското општество во Македонија, структурата, видот на политиките коишто се присутни ја одразува политичката реалност. Не можете да очекувате граѓанското општество да биде многу подобро или полошо од она што се случува на политички план. Тоа е од една страна. Од друга страна, така треба и да биде. Не гледам зошто граѓанското општество би било 90 отсто демократско, кога нашата држава не е демократска и кога главните политички актери во Македонија не се демократски расположение. Според тоа, во граѓанското општество ќе видите и еден цвет на демократијата, како што ќе видите и еден цвет на шовинистичка клаустрофобија која што е реален израз на она што ни се случува во граѓанското општество. Македонското граѓанско општество има еден суштински проблем и една суштинска предност. Предноста и квалитетот е во тоа што, тоа располага со еден експертски  и капацитет на знаења, којшто во клучни моменти во процесот на политичката криза извади еден капацитет којшто понекогаш беше рамен, а понекогаш дури и подобар од политичкиот и демократски капацитет на оние коишто би требало да го имаат во државните институции, во политичките партии, во политичката елита итн. Тој капацитет се покажа како многу продуктивен и на крајот на краиштата, доби одредена поддршка дури би рекол и поголема, а тоа е негативната страна на граѓанското општество, коешто во Македонија нема голема конституенца, нема голема база. Значи ние имаме стотици квалитетни луѓе коишто работат во невладини организации, кои се резултат на едно корпоративно граѓанско општество, кое го бара и ЕУ и модерните начини на кои функционира демократијата, но коишто имаат слаба база, конституенца во населението. И не е тоа само прашање на грасрут, она што се вика нивоа во граѓанските организации, туку тоа е реално една одлепеност од тоа, како размислува една маса од народ,а како рамислува едно експертско, квалификувано граѓанско општество.

Сепак изборните резултати покажаа дека граѓанското општество отиде понапред, отколку моите очекувања, морам да кажам и во двете клучни заедници во Македонија. И кај етничките Македонци, а би рекол особено кај етничките Албанци. Значи онаа низа од луѓе, кои се прошетаа пред камерите, не само во смисла на протести, туку и на анализи по медиумите, даде доволно информации и квантитет на политички иновативни идеи, за голем дел од луѓето, за најголем дел од гласачите во Македонија, да се определат за промени. И мислам дека е тоа, не многу голема, но важна политичка победа на граѓанскиот сектор во Македонија, особено кога ќе се види, силата на противникот. Оваа хистерија која што постизборно ја произведува ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото и против граѓанскиот сектор, ви говори дека од другата страна вие имавте една власт која што апсолутно не се скусуваше од ништо и не се воздржуваше од ништо, за да ги направи сите притисоци врз тој граѓански сектор, за да го укине, да го заплаши, да го укине, да го турне на страна и на персонално и на организациско ниво. И затоа дотолку повеќе е важна таа победи, бидејќи граѓанскиот сектор покажа една отпорност која што е поголема и од политичките партии. И овој пат намерно кажувам во мнозинство, не велам само ВМРО-ДПМНЕ и не велам само ДУИ, туку во тоа ги вбројувам другите политички партии, како што е СДСМ и другите политички партии.

Д-р Сашо Орданоски

Д-р Сашо Орданоски

Во таа смисла дали има капацитет за судири? Капацитет за судири секогаш има, прашањето е колкави би биле тие судири, меѓутоа тоа е прашање на ресурси. А, прашањето на ресурси е секогаш прашање кој ќе застане зад тој тип на судири, зашто едно е да дојде до инциденти, а друго е да дојде до посериозни дестабилизации, кои што бараат друг тип на поддршки, ресурси, друг тип на мотивации и мобилизации. Јас не верувам дека Македонија во овој момент има потенцијал за поголеми судири, верувам дека има потенцијали за одредени инциденти, но тие нема да може да се случат доколку не бидат политички инспирирани од страна на формални партиски структури и околу тоа немам сомневање и од страна на безбедносни и парабезбедносни структури. Можам да кажам дека во последните 26 години речиси и да нема посериозни инциденти во Македонија, зад кои на еден или друг начин не стојат безбедносни структури, понекогаш и странски мотивирани, но најчесто и од државата. И анализата на сите наши пријатни и непријатни наназад 26 години ќе ви покаже дека тие структури сметаат и на одредени политички калкулации со судири и инциденти, поради постигнување на некаква политичка цел. Но, да бидам до крај јасен. М ислам дека досегашната владејачка структура, апсолутно нема капацитет да изведе нешто сериозно, освен уште малку да допропадне во она што размислуваат да го прават и тоа на ниту еден начин за нив нема да излезе добро. На крајот тие се обидоа во мај, 2016 година во Куманово,  да го направат она што го направија.  Тоа заврши со голем дебакл, во којшто беа влезени професионалци во изведбата на таа работа. Не беше вклучен граѓански сектор. Беа влезени професионалци во граѓанска смисла и во безбедносна смисла, и тоа заврши со фијаско од драматични размери. Се разбира и како човечка трагедија, бидејќи  таму загинаа десетици луѓе. Кога тие тоа не можат да го изведат, сѐ друго особено после толку месеци и со вакви изборни исходи е прашање на авантуристички екскурзии коишто некој може да ги предвиди и да ги преземе. Но, не заборавајте, тоа секогаш  го повторувам, во политиката секогаш има и утре! Вие ќе направите денеска еден инцидент, можеби и утре можете да го повторите, но задутре што ќе правите. И овде се покажува дека од тој тип на политики, нема политичка, ниту краткорочна, ниту среднорочна, а особено не долгорочна корист.

Print Friendly, PDF & Email