Oрав: Европските дипломати загрижени за Македонија!

За жал, не гледаме многу напредок за решавање на длабоката политичка  криза во земјата. ЕУ е сериозно загрижена за ситуацијата. Ние сме единствени во ставот дека е потребно политичките лидери да почнат отворен дијалог. Партиите треба да се согласат да го спроведат Договорот од Пржино, вклучувајќи ги и условите за кредибилни избори. Изминатите месеци имаше уште повеќе проблеми во владеењето на правото, меѓу кои и помилувањата од претседателот“, изјави евроамбасадорот Аиво Орав, по утринскиот состанок во седиштето на ЕУ во Скопје.

Европските дипломати побараа од политичките партии да ги запрат опструкциите врз работата на Специјалното Јавно обвинителство.

„И натаму сме загрижени, поради попречувањето на работата на СЈО и ги повикуваме сите институции, особено партиите да ги запрат опструкциите и да дадат целосна поддршка. Сите прашања со кои се соочува оваа институција треба да бидат приоритет“, беше дециден евроамбасадорот..

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian