Младите валандовчани против загадувањето на нивната општина!

„Валандовчани се против отворање на рудник во близина на нивниот град!“, е веста која од поддржувач на ЦИВИЛ – Центар за слобода од Валандово, пристигна на адресата на ЦИВИЛ Медиа. Група млади активисти од Валандово, денеска, кога делегација на Владата, предводена од премиерот Емил Димитриев, заедно со локалната власт, свечено го означи почетокот на инвестицијата за изградба на рударски комплекс „Казандол“, излезе со транспаренти против оваа инвестиција. Тие се загрижени дека со отворање на рудник, на само еден километар воздушна линија оддалечен од Валандово и само стотина метри од првото населено место - Казандол, ќе бидат загрозени земјоделските култури кои се произведуваат во овој регион.

„Во срцето на Општина Валандово, која важи за една од најеколошките средини во Република Македонија и која е надалеку позната по своите органски јапонски јаболка, смокви и калинки, властите решија да отворат рударски комплекс кој претставува сериозна опасност по целото земјоделско производство во овој регион, и по здравјето на луѓето“, се вели во соопштението.

 

DSCN4571

„Жителите на Општина Валандово во најголема мера својата егзистенција ја обезбедуваат од земјоделското производство, а истото сега ќе биде најдиректно погодено од активностите во рударскиот комплекс 'Казандол'. Младото население од оваа мала Општина, во последните десетина години наголемо се иселува од Валандово поради задушените перспективи, а со отварањето на рударскиот комплекс, сметаат дека само дополнително ќе се забрза трендот на масовно иселување и дека нивната општина од најеколошка ќе се претвори во една од најзагадените средини во Македонија“, стои во соопштението.

Младите активисти ги повикуваат сите совесни граѓан(к)и да им се придружат во борбата за да ја сочуваат природата, земјоделското производство и своето здравје.

М. Т.

 

 

Print Friendly, PDF & Email