Обезбедувањето на СЈО спречи дел од новинарите!

Обезбедувањето на вратата на Специјалното јавно обвинителство не им дозволи да влезат на прес-конференција на новинарите на ЦИВИЛ Медиа, ТВ Алфа и неделникот „Фокус“, бидејќи наводно, задоцниле. На Фејсбук-страницата на СЈО, имаше најава дека во 11 часот ќе се одржи прес-конференција, но иако новинарите пристигнаа околу 10:50, сепак, обезбедувањето реши да не ја отвори вратата со образложение дека пресот е веќе започнат.

Но, додека новинарите чекаа пред вратата на СЈО, дојдоа и претставници на ОБСЕ кои беа внесени од посебен влез. Најгласно изреагира новинарот на „Фокус“, Љубиша Арсиќ, кого обезбедувањето физички го отстрани од влезот. По инцидентот, обезбедувањето ги отвори вратите за новинарите.

Специјалната обвинителка Катица Јанева им се извини на новинарите за немилиот настан.

Д. Муратов

Камера: Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email