Носи Портокалово

ЦИВИЛ – Центар за слобода како дел од мрежата на International Action Network Against Small Arms - IANSA (Меѓународна акциона мрежа против малото оружје) и Control Arms (Контрола над оружјето), денес (2 јуни) го одбележува првиот Ден на свесноста против вооруженото насилство, со учество во кампањата „Wear Orange“.

„Wear Orange“ („Носи портокалово“) e кампања која трeба да ги потикне луѓето да размислат и да се потсетат на животите загубени во немилосрдни и несреќни случаи со огнено оружје. Кампањата е инспирана од група тинејџери од Чикаго кои решиле да го одбележат денот на убиството на нивната другарка.

Сите организации кои денес го одбележуваат Денот на свесноста против вооруженото насилство, своите логоа на социјалните мрежи ќе ги „обојат“ во портокалова боја. Исто така секој може да се придружи на "Носи Портокалово" кампањата со посета на нивниот веб сајт: wearorange.org.

Ги повикуваме сите наши активисти, граѓанки и граѓани да ни се придружат во кампањата со праќање на фотографија со натпис „Стоп за вооруженото насилство“ на нашиот маил [email protected] или на нашата фејсбук страница Цивил МК.

#WearingOrange #НосиПортокалово

Print Friendly, PDF & Email