Недела на протести во Македонија

Неделата на протести крена на нозе десетици илјади луѓе ширум Македонија. Протестите започнаа во вторникот во Скопје, веднаш по обраќањето на претседателот Иванов, за прекин на сите постапки поведени против 56 политичари.

13001199_945674482217688_5790208464987071292_n

                                            Скопје, 12-ти  април 2016

12 април

Скопје

Избија спонтани протести по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на високи функционери од власта за криминал, корупција, злоупотреби и изборни кражби.

Колона од 3-4 илјади луѓе потоа се упати кон Народната канцеларија на претседателот во центарот на градот, со барања за оставка.

Подоцна, демонстрантите маршираа кон седиштето на владејачката партија и продолжија кон зградата на Владата. Протестот заврши пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Не беше забележано насилство.

sliki4 - Copy

                                               Скопје , 13-ти април 2016

13 април

Скопје

Над пет илјади демонстранти учествуваа во протестите во Скопје. Изби насилство пред Народната канцеларија на Иванов, која демонстрантите целосно ја демолираа, а потоа продолжија со демолирање на Министерството за правда.

Полицијата употреби сила. Имаше над 10 повредени, меѓу кои двајца новинари и еден член на екипата на ЦИВИЛ –Центар за слобода. Полицијата приведе 13 демонстранти.

Битола

Повеќе од 500 луѓе протестираа и во Битола, пред општинската зграда и пред битолската Народната канцеларија на Иванов. Демонстрантите фрлаа јајца на општинската зграда. Протестите беа во знакот на „граѓанското апсење“ на градоначалникот Владимир Талески.

Неколкумина битолчани при обидот насилно да влезат во Општината се судрија со полицијата.

12973124_946927755425694_6314524820226649562_o

                                           Скопје, 14-ти април 2016

14 април

Скопје

Група студенти од Правниот факултет при УКИМ,  извршија „окупација“ на амфитеатрите и училниците.

Протест на 82 граѓански организации од „Граѓаните за Македонија“ пред Собрание. Над 5.000 демонстранти се упатија потоа кон полициската станица „Центар“, со барање да се ослободат приведените демонсгтранти.

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ  беше под силно полициско обезбедување и со неколку оклопни возила.

Околу стотина млади луѓе фрлаа со камења, шишиња, тврди предмети врз полицијата.  Имаше и инцидент меѓу демонстрантите кога изби расправија меѓу две групи демонстранти.

Полициски кордон, поддржан од „воден топ“ зад него, ги разбија демонстрантите на крстосницата пред бизнис центарот „Палома бјанка“. Едно лице беше уапсено во оваа акција.

13010280_10205649101336178_797032796_o

                                                   Битола, 14-ти април2016

Битола

Повеќе од 3.000 битолчани на протести. Зградата на Општина Битола беше под силна полициска заштита, немаше уапсени и немири.

13015269_10154151404044726_9092912157165360582_n

                                               Скопје, 15-ти април 2016

15 април

Скопје

Повеќе од 10.000 демонстранти протестираа во Скопје. Полицијата им дозволи на демонстрантите да се распоредат на целиот простор пред објектот на Владата, од крстосница кај булеварот „Климент Охридски“ до мостот „Гоце Делчев“.

Немаше насилство, ниту апсења.

13023435_10205654621914189_1317845745_n

                                              Битола, 15-ти април 2016

Битола

Повеќе од 1.000 битолчани повторно излегоа на протест. Општинската зграда, ја обезбедуваше кордон вооружени полицајци.

13041105_948246158627187_3678305307763465272_o

                                             Скопје, 16-ти април 2016

16 април

Скопје

На најмасовниот протест во ова недела, излегоа повеќе од 10.000 демонстранти. За првпат беа забележани и неофицијални редари.

Се случи инцидент со инфилтриран провокатор, кој се обиде да се пресмета физички со активистка која фрлаше со боја по Триумфалната порта.

Немаше повредени и приведени.

13046087_10205660135452024_1448187918_n

                                                  Битола, 16-ти април 2016

Битола

Над 1.000 битолчани повторно на протест. Имаше повеќе полициско обезбедување и посилен притисок кон полицајците од демонстрантите.

DSC_2666

                                         Струмица, 16-ти април 2016

Струмица

Мирен протест и во Струмица. Повеќе од 500 струмичани се приклучија на протестите.

17 април

Скопје

Покрај најавата дека нема да се протестира во недела, сепак, имаше протест, во форма на герила акција.

bitola3

                                                Битола, 17-ти април 2016

Битола

Над 500 битолчани повторно на протест. Демонстрантите и полицијата се судрија за време на протестите во Битола. Тогаш, од зградата на Општината истрчаа припадници на Единицата за брзо распоредување и се втурнаа кон демонстрантите.

Судирот за кратко време бил смирен. Се фрлало јајца, бои и домати.

13036550_10209460674976511_912500551_o

                                               Велес, 17-ти април 2016

Велес

Над 1.000 велешани излегоа на протест во Велес. Протестот беше мирен и немаше инциденти.

12718015_10207749939138282_1528630135930754873_n

                                   Вашингтон, 17-ти април 2016

 

На 16-ти и 17-ти април протестираше и дијаспората

Протести се одржаа во Централ Парк, во Њујорк, а триесетина демонстранти протестираа и во Вашингтон пред македонската амбасада.

Претставници на дијаспората дава изјави во знак на поддршка на протестите во Македонија и во Мелбурн, Австралија.

 

Марија Теговска

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English