Јавниот обвинител да објасни зошто е пасивен

Цивил – Центар за слобода, како организација-членка на Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата го поддржа протестот кој денеска се одржа пред Јавно обвинителство. На протестот, беше искажан револт кон институцијата  во поглед на делата сторени од омраза. Поминаа две недели од последниот напад и цела година од првиот напад врз ЛГБТИ заедницата, а ниту еден напад не е во постапка. Од институциите доаѓа еден ист одговор, а тоа е дека истрагата е во тек.

Претставниците на Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата изјавија дека протестот ќе се одржува секој четврток во исто време и со иста цел: решавање на сите случаи на нападите врз ЛГБТИ заедницата.

На протестот, еден од претставниците на Мрежата најави дека ако надлежните институции останат пасивни, протестите ќе станат уште подрастични. Аактивистите за човекови права и на ЛГБТИ заедницата не сакаа да дадат изјава. Тие и во иднина нема да даваат изјави, бидејќи е ред јавниот обвинител да даде изјава, да ја објасни својата пасивност и да преземе одговорност за решавање на сите шест случаи на напад на ЛГБТИ заедница.

s

g

  t

DSCN6331

Арбана Ќерими

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email