Настан кој не се пропушта: Караван на слободата на Д – Фестивал

Караванот на слободата, финансиран од УСАИД, имплементиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода, со уметност и култура ќе ја зајакнува граѓанската свест и граѓанското учество активизам, започнува со своите активности на 17 јули 2016, во рамките на Д – Фестивал 2016 кој ќе се одржи во Дојран.

FC logo 01 EN - Copy (3)

Караванот ќе започне во 20,00 часот со настап на хип–хоп авторот Orange Groove и поетски перформанс со стихови на слободата со кои ќе настапат Коста Карев, Биљана Јордановска и Џабир Дерала, кои се дел од уметничкиот тим на ЦИВИЛ и на Караванот на слободата. Тие ќе се претстават со шеесетминутен мултимедијален настап, кој ќе вклучи и проекција на видео содржини од граѓански новинари на темите социјална правда и активизам.

Ноќта во недела кон понеделник, почнувајќи на полноќ, ЦИВИЛ ќе се претстави со уште една видео проекција со трудови од граѓански новинари и ќе отвори дискусија со публиката.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English