Левица протестира против апсењето на Савески

Здравко Савески еден од членовите на политичката партија Левица, од утринава е во полициска станица „Пролет“, и по обавениот разговор е задржан во станицата поради наводно учество во толпа. Се шпекулира дека судијата ќе му одреди мерка притвор, известуваат од Левица, и велат дека може да му биде одредена парична казна, но и затворска казна до три години

11

Димитар Апасиев, членот на Левица изјави дека партијата најостро се спротивставува на ваквиот отворен политички прогон кон нивните членови. Тој додаде дека за уште четворица членови на Левица се пристигнати покани за информативен разговор.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=BphPzEMiFRo[/youtube]

„Нашите совети се тие веќе да не се појавуваат на информативните разговори, затоа што има опасност да бидат уапсени. Сметаме дека ова е да се задуши народниот револт кој станува се помасовен и имаме  три пораки: Првата порака е до министерот и заменик министерот за внатрешни работи - да ги евидентираат, но не и да ги процесуираат овие кривични пријави, додека не заврши оваа политичка криза. Второто барање е до Јавното обвинителство да не бараат притвори. И третата порака е до судијата кај кого ќе се падне овој предмет, по ниту еден основ да не одредува мерка притвор, туку да остави правдата да тече онака како што е предвидено без никакви суптилни притисоци“, вели Апасиев.

Тие и порачаа на власта дека нема толку затвори колку што тие имаат следбеници.

Марјан Ристески, изјави дека со секој нивни притворен член, расте револтот кај граѓаните.

„Ова лудило во Македонија мора да престане, не повикуваат како граѓани, не повикуваат како синдикалци, не повикуваат како политичари, единствено криминалците се аболицирани во оваа држава и тие можат комотно да владеат“.

Од Левица ги повикаа граѓаните на масовен протест и да не се плашат да го кренат својот глас.

 

Print Friendly, PDF & Email