Напред! во центарот на Скопје

Тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска во општина Центар, кај преминот „Палета“, го презентираше проектот Напред! и делеше материјали со информативна содржина посветени на изборниот процес.
Проектот Напред! им нуди на граѓаните можност да земат директно, независно и објективно учество во набљудувањето на изборниот процес. Голем дел од минувачите, во разговор со нашиот тим, ја изразија својата скепса дека избори воопшто ќе се одржат, а уште помалку дека е можно одржување на слободни, фер и демократски избори на 5 јуни.

Forward logo NEW

Претставници на ЦИВИЛ разговараа со дел од случајните минувачи за теми поврзани со изборниот процес и политичката криза во државата. Дел од повозрасните граѓани изјавиа дека се ужаснати од моменталната политичка ситуација и порачаа: „Пробајте вие младите да ја оправите кризата бидејќи ова е страшно, народот е целосно поделен“.

Поединци од помладата популација велат дека во моментов апсолутно нема нормални услови за спроведување на фер, слободни и демократски избори.

Граѓан(к)ите кои сакаат да аплицираат за изборни набљудувачи, треба да испратат кратка биографија, мотивациско писмо и фотографија на е-адресата [email protected]

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот „Напред!“ се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Биљана Еверет

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English