Новинарски Прирачник

Симнете тука.

Новинарите и новинарството во
Македонија ја губат битката –
сега веќе и сосема отворена – со
постојаното настојување на власта цврсто
да ги држи под контрола. Токму тоа, како и
наметнатите поделби на „патриоти“ (наши)
и „предавнци“ (сите други), предизвикаа
конфликти и меѓу новинарите, а
новинарството го втурнаа во синдром на
самоуништување.
Власта се дрзнува јавно да ги пребројува
и дели медиумите и новинарите на
подобни и неподобни, узурпирајќи ги
не само слободата на медиумите туку и
основното право на човекот на сопствено
мислење.
Замолчани се и затворени три весника
и една ТВ станица, познати по својот
критички однос кон власта. Актуелната
власт поради „непослушност“ го стави
под директна контрола и Советот за
Радиодуфузија, иако според Законот е
независно регулаторно тело.
Како последица на кризата во која
западна новинарството, во Македонија

Print Friendly, PDF & Email