Македонија: Преглед на настани (23-24 јули 2016)

Викенд преглед на најважните настани во Република Македонија (23-24 јули 2016 година) - Шарена револуција: Судот одобри само едно барање за притвор || СДСМ: Сите знаат кој бега од регуларни избори || Бачев: Јавноста не знае дека МВР се претвори во приватна фирма|| СДСМ: Не е точно дека социјалната помош се зголемила за 60% || Уставен суд мора да се изјасни за СЈО 

-1

Шарена револуција: Судот одобри само едно барање за притвор

13709961_1036524806425090_1855593493697072100_n-670x391

Судот одобрил само едно барање за притвор од 20 поднесени барања од СЈО, објави  Шарената револуција на својата Фејсбук страница, споредуваќи дека од 717 барања за притвор што ги поднело ОЈО, судовите прифатиле 707 во текот на две години.

СДСМ: Сите знаат кој бега од регуларни избори

2835-SDSM-ZNAME

„Никола Груевски не може веќе ни самиот да се излаже. Не само граѓаните на Македонија, туку цел свет виде кој бега од регуларни избори, кој не сакаше чист Избирачки список, кој не сакаше објективно известување, кој се обиде да крати ингерениции на министерот за внатрешни работи, надевајки се дека ќе го врати МВРО на изборите преку што власта на ВМРО-ДПМНЕ крадела избори“, се вели во соопштение на СДСМ.

Бачев: Јавноста не знае дека МВР се претвори во приватна фирма

DSC_0420

„Партиите -отписнички на договорот за решавање на политичката криза, работат за лични интереси и го сведоа МВР на проценти со што ја загрозуваат безбедноста на државата“, изјави претседателот на НДМ, Јанко Бачев. Според него, јавноста не знае за џентлменски договор со кој партиите се согласиле од шестотината нови полициски службеници, 25 проценти да бидат вработени преку ДУИ и ДПА, а останатите, преку СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со што, вели тој, МВР станува приватна фирма и партиски штаб поделен меѓу власта и опозицијата.

СДСМ: Не е точно дека социјалната помош се зголемила за 60%!

СДСМ  обвини дека и со покачувањето од 5 отсто, социјалната парична помош ќе изнесува 2.831 денар и дека не се точни тврдењата на власта оти социјалната парична помош во изминатите години се зголемила за 60% и оти сега изнесувала 4.700 денари. Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, го повика министерот за труд и социјална политика да објасни според која основица го пресметал покачувањето.

Уставен суд мора да се изјасни за СЈО 

Додека СЈО продолжува со работа, дел од правниците повикуваат Уставниот суд што поскоро да се изјасни за уставноста на законот за СЈО и покрај фактот што судот е на пауза, а со последниот договор се гарантира постоењето на Обвинителството на Катица Јанева. „Клучната алка во Пржинскиот договор е токму прашањето со Специјалното обвинителство и завршување на неговите истраги“, вели адвокатот Звонко Давидовиќ.


 

german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: [email protected]к

 

Print Friendly, PDF & Email