Караванот на слободата на ЦИВИЛ во медиумите

Со целодневен мултимедијален настан и прес-конференција, која се одржа на 21-ви јули во „Менада“, официјално започна проектот Караван на слободата, во имплементација на ЦИВИЛ - Центар за слобода, со поддршка од УСАИД. 

13697288_1797440717137942_1024542278216783864_n

Настанот со кој се претстави проектот Караван на слободата, беше најавен и проследен од повеќе национални телевизии и веб-портали. Ден претходно, порталите Плус инфоAll eventsДенесМактел и Where event,  известијa за содржината на настанот и за тоа што претставува Караван на слободата. Во делот посветен за настани кои се случуваат во државата на Тиме.мк, исто така беше најавен мултимедијалниот настан на ЦИВИЛ. Телевизиите ТВ 21 и Телма, во својот дневник, го претставија проектот, а направија и повеќе интервјуа со дел од уметниците кои беа присутни на овој настан. Веб порталот Будност, исто така објави текст за тоа како помина настанот во Менада, во организација на ЦИВИЛ. Настанот беше најавен и на веб порталите на албански јазик, Ина, Журнал,  Тетова Сот, Газета експрес и Телеграфи.

Следниот ден, на 22 јуни, три екипи на ЦИВИЛ, одржаа прес - конференции во Прилеп, Тетово и Струмица, каде пред локалните медиуми, невладините организации и уметниците од овие градови, го најави проектот и настаните кои ќе се одржат во овие градови.

13765875_1010523665732769_989497294765766766_o

Прес-конференцијата во Прилеп, на која зборуваше Моника Талеска од ЦИВИЛ, беше проследена и објавена на веб порталите Народен глас, Патоказ и Револуционер. Најавата на проектот во Прилеп, беше дел и од дневникот на ТВ Лажани, а беше проследена и од Радио Холидеј.

13737577_1797806500434697_272814034419949243_o

Претставувањето на Караван на слободата во Тетово, беше проследено од повеќе локални медиуми на македонски и албански јазик. Претходно гостувањето на ЦИВИЛ во овој град, го најави веб порталот Кис. Регионалната телевизија Коха, објави видео прилог од прес-конференцијата на која Петрит Сарачини, координаторот на проектот, ги најави следните настани во рамки на Караванот на слободата.

13680199_1798946246987389_1822551706867119656_o

ТВ Вис, Телевизија Интел, радиото Струмица нет и веб порталот Струмица денес, ја проследија и објавија видео вест од посетата на ЦИВИЛ во Струмица, каде пред локалните медиуми се обрати Синиша Станковиќ, уредник на ЦИВИЛ Медиа.  ТВ Вис направи и интервју со уредникот на ЦИВИЛ Медиа, за Караванот на слободата и заактелната политичка криза во државата.

Караванот на слободата на ЦИВИЛ, ќе го искористи влијанието на уметноста и културата, за да ја разбуди граѓанската свест и граѓанското учество. Тоа е динамичен мултимедијален проект, што поттикнува учество на граѓан(к)ите во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

М. Теговска

 

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian